Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Далиќ ги „пецна“ Италијанците: Нас нè елиминираа со гол во 98. минута

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ отворено зборуваше за предизвиците што ја очекуваат Хрватска на претстојното Светско првенство, кое започнува за два месеца. Во своето последно интервју тој се осврна и на изненадувачката елиминација на Италија, која беше поразена од Босна и Херцеговина во Зеница по изведување пенали.

Говорејќи за прогнозите дека Хрватска би можела да заврши меѓу десеттото и дванаесеттото место, при што пласман во четвртфиналето би се сметал за успех над очекувањата, Далиќ порача дека нема намера да дозволи притисок врз тимот.

„Зад нас се два одлични настапи на Светските првенства. Само погледнете ја Италија, нема да игра ниту на трет Мундијал по ред, а станува збор за многу поголема фудбалска сила од нас“, изјави селекторот.

На прашањето како е можно Италијанците повторно да останат без настап на големо натпреварување, Далиќ призна дека и самиот нема објаснување.

„Не знам како се случува. Против нас постигнаа гол во 98. минута за израмнување на Европското првенство, со што нè елиминираа. Понекогаш работите едноставно се враќаат, не оди секогаш сè по план“, истакна Далиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот