Дали треба заболените од рак на дојка да ја елиминираат сојата од исхраната?

рак на дојка
Фото: Profimedia

Ако заболите од хормонски зависна малигна болест, дури и ако сте ја победиле, честопати следува совет дека сојата треба трајно да се отстрани од исхраната. Но, дали овој совет е оправдан?

Зрната на соја и минимално преработените производи од соја, како што се тофу, темпех и зелените мешунки од едамам, уживаат речиси култен статус кај поборниците на исхраната од растително потекло, пред сѐ, благодарение на значајниот удел на протеините од високa биолошка вредност.

Но, протеините не се единствената карактеристика на оваа нискокалорична намирница – сојата е исто така извор на фитоестроген на изофлавоните.

соја
Фото: Pexels

Изофлавоните имаат слична хемиска структура како естрогените, поради што тие можат да се натпреваруваат за местата на рецепторите и да ја блокираат нивната активност.

Се верува дека способноста на изофлавоните да дејствуваат како антагонист на естрогенот може да обезбеди заштита од малигните заболувања предизвикани од хормоните, како што се ракот на дојка, простата и на ендометриумот, и е можна причина зошто Азијките, чија исхрана е традиционално богата со соја имаат помала веројатност да заболуваат од овие болести.

Меѓутоа, во случај на појава на малигна болест, сојата од фалена многу брзо станува озлогласена храна. Имено, изофлавоните можат да дејствуваат и како благи естрогени, поради што често се смета дека пациентките со хормонски позитивен рак на дојка, треба да ја елиминираат сојата од исхраната, за нејзиното потенцијално естрогенско дејство да не доведе до прогресија на болеста или да ја попречи терапијата. Уште повеќе, еднаш кога ќе заболите од хормонски зависна малигна болест, дури и ако сте ја победиле, честопати следува совет дека сојата треба трајно да се отстрани од исхраната. Но, дали овој совет е оправдан?

рак на дојка
Фото: Unsplash

Дали треба да се исфрли сојата ако сте на терапија со тамоксифен?

До пред десетина години, целото знаење за влијанието на внесот на соја врз ракот на дојка се засноваше на истражување спроведено над животински модели, каде што се покажа дека сојата може да го поттикне ширењето на малигните клетки, па дури и да го попречи дејството на тамоксифенот, лек од групата на
селективните модулатори на рецепторите на естрогенот, често употребуван во лекувањето на естрогенскиот рецептор на позитивниот рак на дојка.

Во отсуство на подобри сознанија, се вкоренило мислењето дека сојата е непожелна намирница кога станува збор за ракот на дојка. Во меѓувреме, значително го продлабочивме нашето разбирање за
фитоестрогенот, откривме дека луѓето и животните сосема поинаку ги метаболизираат изофлавоните и дознавме дека претходните сознанија за сојата немаат основа, вели нутриционистката Бараќ. Затоа, не е изненадувачки што денес располагаме со серија студии спроведени на жените кои го преживеале ракот на дојка, каде што се утврдило дека умереното внесување соја нема штетни ефекти и дури може да го намали ризикот од рецидив (повторување) и смртност, и тоа без оглед на видот на карциномот на дојка. Дополнително, се покажало дека не е потребно откажување од сојата ниту ако сте на терапија со тамоксифен и дека оваа комбинација може дури и да има синергиски благотворен ефект.

рак на дојка
Фото: Profimedia

Што се смета за умерено внесување соја?

Експертите се согласуваат дека умерениот внес на соја е безбеден за секого, вклучително и за луѓето кои во моментот се на терапија, како и за излекуваните, и тоа не само од рак на дојка, туку и од сите малигни заболувања чувствителни на естроген. Всушност, на преживеаните од рак им се препорачува да усвојат
претежно растителна исхрана со акцент на зеленчукот, овошјето, житарките од цели зрна и мешунките, а сојата тука може да послужи како важен растителен извор на протеини.

За умерено внесување на соја, инаку, се смета 1-2 порции зрна од соја и минимално преработени производи на ден, со тоа што една порција е:

– ½ шолја варени зрна соја
– ½ шолја варени зелени мешунки од едамам
– 1 шолја млеко од соја
– 1/3 шолја тофу

соја
Фото: Pexels

Внимателно со внесот на изофлавони преку додатокот на исхраната

Се поставува прашањето, дали додатоците во исхраната, како производите што содржат изофлавони од соја (на пример, генистеин и дадзеин), се исто така безбедни за пациентките со рак на дојка? Иако се шпекулира дека делувањето на таквите производи не е штетно, факт е дека недостасуваат квалитетни студии што би ја потврдиле нивната сигурност во контекстот на ракот на дојка. Затоа, ставот на многу експерти е дека е подобро „да се игра на сигурно“ и да се избегнуваат овие производи кај сите хормонско позитивни малигни заболувања.

И за крај, треба да се биде свесен дека преработените производи од соја се секаде присутни во индустриската храна. Маслото од соја или лецитинот од соја се чести состојки во слатките, крекерите, преливите за салати, индустриските супи, мајонезот… И додека овие производи, всушност, не содржат фитоестрогени и нема во тој поглед да ја влошат прогресијата на болеста, имајте на ум дека треба генерално да бидат застапени само повремено во менито на онколошките пациенти.

Без разлика дали станува збор за превенција или за терапија од ракот на дојка, стравот од соја е целосно неоправдан. Покрај тоа, оваа намирница е пожелна на менито на пациентите со рак, и тоа, пред сѐ, во форма на цели зрна или минимални преработени производи од соја. Притоа, во склоп на можностите,
пожелно е да се избере органски одгледувана соја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот