Дали точно ги броите калориите кои ги внесувате? Сега постои подобар начин

калории
Фото: EPA-EFE/Alberto Valdes

Калориите се еден од клучните репери за справување со тежината, без разлика дали се обидувате да ослабете или да добиете мускулна маса, според многу нутриционисти. Но начинот на кој сме навикнати да ги броиме калориите не е точен и нè пренасочува од постигнување на нашата зацртана цел.

Нутритивните табели кои сега можеме да ги забележиме на етикетите на секој продукт реално не се многу од помош бидејќи не ги земаат предвид важните фактори како метаболизам и апетит. Ние јадеме храна, не калории. Калориите се корисни ако се обидувате да ја намалите големината на порцијата, но да се споредуваат калории помеѓу различни типови на храна не е логичен начин.

Ако се обидувате да ја менаџирате вашата тежина, протеинот и влакната се поважни елементи отколку калориите сами за себе. Доколку внимавате и на нив, ќе добиете 10-15% поточна пресметка.

Калоријата е калорија, но контекстот е важен

Калориите дефинитивно остануваат основна мерка, и законот на физиката важи дека за да се изгуби тежина треба да се согори повеќе одошто сте изеле. Но, додека калориите укажуваат на тоа колку енергија внесувате, тие не укажуваат на дејството на составот на храната врз организмот или дали ќе се чувствувате сити.

Недостатокот на чувство на ситост ќе направи повторно да посегнете пок фрижидерот по 30 минути, но протеинот и влакната можат да направат да се чувствувате сити подолго. Освен тоа, ним им е потребна повеќе енергија за да се разложат при процесот на дигестија, што дополнително не влегува во вообичаените калкулации.

Уште еден важен, иако индиректен, елемент во игра е можностите за набавка на здрави состојки, време за пазарување, како и пристапч до добра и квалитетна храна – создавање на притисокот на броење на калории кога не се земаат предвит факторите на околината не води кон позитивно чуваство и исход.

Поточен начин на броење калории

Иако сега се појавува на позадината на продуктите, табелата со количина која продуктот ја содржи од трите хранливи групи не е доволна информација и чиста слика за колку таа храна е здрава.

Начелно, во пребројувањето на калориите традиционално им се задаво по 4 калории во грам и на јаглехидратите, и на протеините, додека се додаваат 9 калории по грам на сите масти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Calorie Counting (@speg.yeti)

Еден од начините како подобро да ги преброите калориите е следниот:

  • 3.8 калории во грам шеќер
  • 3.6 калории во грам комплексни јаглехидрати (вклучувајќи скроб)
  • 3.2 калории во грам протеин

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fitnesscity.ig (@fitnesscity.ig)

Овие вредности треба да се помножат со количината на макронутритиентите и со тоа ќе се добие поточен број.

Иако ваквата равенка одзема повеќе време, доколку се примени би добиле разлика од 10-15% во вкупната количина на калории, од 200-300 калории во ден, и повеќе од 1000 калории во текот на неделата за една личност која просечно се исхранува. А тоа навистина прави разлика кога знаеме дека неколку дополнителни калории на ден знаат да направат голема разлика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by caloriesbalance (@caloriesbalance)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот