Дали „One direction“ најавија повторно враќање на сцената? Лијам откри повеќе од тоа што треба!

Фото: Инстаграм

Нил Хоран, Хари Стајлс, Лијам Пејн, Луис Томлинсон и Зејн Малик денеска се талентирани и успешни соло музичари, кои сепак некогаш настапуваа заедно во бендот кој го носеше името „One direction“.

Но, откако Лијам Пејн пред неколку дена сугерираше на тоа дека бендот би можел повторно да се собере, нивните фанови ги преплавија социјалните мрежи коментирајќи за таа идеја.

Една обична најава беше и повеќе од доволна за тоа. Лијам, кој од 2016 година води соло кариера, всушност не кажа ништо посебно, но сосема доволно.

„Ни се ближи прославата од 10 годишницата од основањето на бендот и сите ние во последните неколку недели редовно се слушавме, што всушност е навистина пријатно. Сите работиме на различни полиња затоа да се случи, а луѓето ни праѓаат пораки“, рече тој и призна дека открил повеќе од тоа што треба.

Сепак, тој исто така им вети на фановите дека можат да очекуваат бројни и различни работи од групата, иако не прецизираше дали тоа ќе значи повторно собирање на сите пет членови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот