Дали новата љубов на Рита Ора е окаровецот Таика Ваитити?

epa-efe

Пејачката Рита Ора минатата недела објави фотографија со режисерот Таика Ваитити, а обожавателите претпоставија дека станува збор за некој деловен ангажман.

Сепак, „The Sun“ пишува дека пејачката и режисерот биле заедно додека таа го снимала „The Voice“ во Сиднеј.

Имено, Рита и Таика во кругот на блиски пријатели не криеле дека се заедно и како што вели изворот, наскоро нивната врска би можела да прерасне во нешто посериозно.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Тие се зближија на почетокот на март, но воопшто не зборуваат за тоа во јавноста. Сепак, сите нивни пријатели знаат за врската. Навистина се сакаат“, изјавил неименуваниот извор.

Минатата недела пејачката објави серија фотографии на социјалните мрежи на кои позира во опуштено издание, а на една од нив е во прегратка на славниот режисер Ваитити.

EPA-EFE
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Иако тој на фотографијата се чини како да се обидел да си го сокрие лицето, сепак Рита го обележа неговиот профил на фотографијата со што потврди дека станува збор за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

Неодамна, парот беше забележан како се симнува од приватен авион во друштво на Крис Хемсворт, неговата сопруга Елза и Мет Дејмон во Сиднеј. Таму тие го снимаат филмот „Thor: Love and Thunder“ во режија на Таика Ваитити. Засега, ниту Ора ниту Ваитити не ја потврдиле нивната љубовна врска во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот