Дали некогаш сте се запрашале: Зошто не се сеќаваме на многу моменти од детството?

unsplash
Фото: Unsplash

Истражувањата покажуваат дека работите што не се вербализираат честопати се забораваат. Токму поради оваа причина не се сеќаваме на поголемиот дел од настаните од нашето рано детство.

unsplash

Едно истражување анализираше деца кои доживеале некаква несреќа пред години порано и завршиле на итно болничко лекување. Во прашање биле вообичаени повреди кои се случуваат во периодот од детството. Оние кои биле постари од 26 месеци кога им се случила повредата и веќе зборувале, се сетиле што им се случило. На сите оние на кои тоа им се случило на помала возраст од 26 месеци, не се сеќавале.

Сепак, повеќето истражувања за улогата на јазикот се фокусираат на одредена форма на нарација и неговата социјална функција. Кога родителите им прераскажуваат спомени на своите деца, тие несвесно ги учат на наративни вештини, односно кои настани „се важни“ за паметење и како да се структурира разговор за нив на начин на кој другите можат да го разберат.

За разлика од едноставното прераскажување на податоци за фактички цели, меморијата „се врти“ околу социјалната функција на размена на искуствата со други.

unsplash

Како воспитувањето може да влијае на меморијата?

Во земјите кои ја ценат и почитуваат независноста, како што се западните европски држави, децата подобро го паметат своето детство отколку оние кои живееле во култури кои повеќе ја ценат поврзаноста со другите.

Сè зависи од стилот на воспитување на родителите, па затоа прогресивните родители се повеќе фокусирани на индивидуалното искуство на детето, на она што тоа го сака и чувствува, а помалку на поврзувањето со други луѓе и социјалната рутина.

Иако сè уште има работи што науката не може да ги објасни во врска со детската амнезија, постојано се истражува и се анализираат различни аспекти. Постојат сè повеќе потенцијални студии кои ги следат индивидуите од детство до зрела возраст.

Исто така, како што напредува невронауката, несомнено ќе има повеќе и повеќе студии поврзани со развојот на мозокот и развојот на меморијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот