Дали купувате преку Шеин, Тему и Алиекспрес? Кина подготвува нешто ново
Кина во вторникот сигнализираше поддршка за компаниите кои градат магацини во странство, што укажува дека планира да ја зајакне е-трговијата дома и во меѓународната трговија.
Препорачано
Компаниите како што се Шеин, ПДД Тему, Алиекспрес носат производи на пазарите ширум светот и забележаа силен раст во последниве години, пишува Хина.
Прекуграничната е-трговија отвори нови можности за раст за компаниите кои беа фокусирани на домашната потрошувачка и се најдоа во неволја во услови на забавување на економската активност, криза на пазарот на недвижности и поизразена несигурност на работните места.
Министерството за трговија во вторник објави предлог-прописи со кои треба да се поддржи е-трговијата на домашниот пазар, но и на надворешнотрговската размена. Исто така, се наведува дека ќе се направат напори за подобрување на управувањето со прекуграничните податоци и за оптимизирање на следењето на прекуграничниот извоз. Државната администрација ќе ги „исчисти“ каналите за финансирање и ќе им помогне на компаниите во секторот за прекугранична е-трговија да го „подигнат својот бизнис на глобално ниво“, соопшти кинеското Министерство за трговија.


