Дали кафето е виновно за несоницата? Истражувањето откри една од најголемите заблуди

Кафе
Фото: Pexels

Кафето е омилен пијалак за многумина од нас и дел од денот кој не сакаме да го прескокнеме.

Ако припаѓате на групата која не сака да се откаже од кафето, сигурно сте слушнале повеќепати за тоа како овој пијалак не е толку добар во одредени часови. За некои луѓе, пиењето кафе во доцните часови им го нарушува сонот и многу често имаат проблеми со спиењето потоа.

Добро познат факт е дека кофеинот влијае на нервниот систем, меѓутоа, тоа никако не трае повеќе од неколку часа, вели професорот Јоханес Вехслер, претседател на Германското здружение за нутриционистичка медицина.

Колку шолји кафе дневно се добри за здравјето?

Ако малку поедноставиме, единственото нешто што е точно е дека кафето сигурно не може да ви го наруши сонот на долги патеки, а ако не можете да заспиете долго време, на него влијаат и други фактори во текот на денот, на кои само им се придружила една шолја кафе по 15 часот.

Исто така, според професорот Векслер, важно е дали пиете кафе пред или по вечерата. Ако тоа се случи по оброкот, тогаш може да се чувствувате несоница, бидејќи на кафето му треба малку време да се апсорбира во тенкото црево.

Сепак, на крајот најважно е да го слушате вашето тело и да се трудите да го правите она што ви годи, па ако попладневното кафе ви создава проблеми, избегнувајте го или едноставно одлучете се за она без кофеин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот