Дали гледате разлика? Бизарна сличност на 14-годишна Италијанка и планетарно позната пејачка (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Американската пејачка Аријана Гранде (26) на социјалните мрежи ја пронајде својата „близначка“. Не се работи за крвна поврзаност, туку за девојче кое толку многу личи на неа, што дури и најверните фанови на пејачката тешко ги разликуваат.

Пејџ Ниеман (14) со Аријана почнаа да ја споредуваат уште кога имала 10 години. Четири години подоцна стана славна баш поради споредбата со пејачката.

 

View this post on Instagram

 

???? ?? ??? ???? ?? ????? ?? ?? ?????? ?

A post shared by ♡ ????? ♡ (@paigeniemann) on

На почетокот по примерот на Аријана ја шминкала нејзината мајка, но подоцна со помош на Јутјуб се научила сама да го прави тоа и уште повеќе да личи на популарната пејачка, а со секоја објава на Инстаграм привлекуваше се повеќе и повеќе внимание од обожавателите на Аријана.

Пејџ сега изгледа идентично како популарната пејачка.

– Кога започнав да ја имитирам Аријана, некои нејзини обожаватели беа многу драги, но на дел од нив им беше жал, најзлобните луѓе кои сум ги сретнала на социјалните мрежи. Дел од нив се навредуваа секогаш кога ќе се обидував да личам на Аријана, па честопати ми коментираа: „Биди своја“ или „Само една е Аријана, никогаш нема да бидеш како неа“ – рекла Пејџ.

Меѓутоа во јавноста се појави фотка на која Пејџ позира со многу малку шминка за разлика од останатите фотографии. Многу фанови на Аријана се шокираа, бидејќи таа јака шминка воопшто не личи на популарната пејачка.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот