Дали ги препознавате и цените сопствените вредности?

Американската новинарка и ТВ водителка Мика Брзезински ја напиша книгата „Knowing You Value“, за како што вели, сите жени кои, исто како и таа, константно потценуваат нешто, без оглед дали станува збор за кариерата или љубовта.

Кога ќе се свестите за вашите квалитети, односно кога ќе станете свесни и кога ќе почнете да се однесувате во согласност со нив и другите ќе започнат да ве гледаат со респект“, вели Мика. Тогаш успехот во сите области ќе би загарантиран.

Мика советува:

Оставете впечаток. Фактот дека немате искуство и вештини не значи дека немате потенцијал. Дајте им на надредените до знаење дека сте подготвени и имате желба да учите и работите и дека тоа воопшто не ви е тешко.

Направете го најдоброто кафе. Дури и ако сте добиле помалку важна задача, на пример носење на кафе во канцелариите, потрудете се да го направите тоа совршено. Имајте на ум дека и тогаш сте на тест, па затоа добро запазете дали шефот сака кафе со топло млеко или би требало да му однесете кафе со ладно млеко.

Не му дозволувајте на шефот да навлезе во улогата на лошо момче. Ги знаете оние жени кои се трудат да бидат прекрасни кон својот партнер и во се да му угодат само за тој да ги запроси, а тој тоа бесрамно го користи и молчи. И на вашиот шеф сте му на располагање од 0 до 24 со надеж дека тој ќе го препознае вашиот труд и ќе ве унапреди, но тоа не се случува? Време е да поставите некои граници. Да, ќе ја одработите вашата работа, но не и неговата. Особено не без награда.

И во љубовта ако постои нешто за што не сте задоволни, кажете го не очекувајте некој друг тоа да го примети и поправи.

Променете го ставот. Само со мали промени од физичката природа можете да ги натерате луѓето околу вас да ве доживеат посериозно. Немојте да одите подгрбавени, говорете јасно и одмерено, гледајте ги луѓето во очи додека разговарате, кренете ја главата и тргнете ја косата од лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот