Даку по реакцијата на УЕФА јавно се извини за скандалозното однесување

Фото: Mirlind Daku/FB

Откако Европската ќука на Фудбалот вчера реагираше и објави дека е отворена постапка против албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку за неговото скандалозно однесување по натпреварот против Хрватска, преку социјалните мрежи испрати извинување.

На Даку му се заканува казна која може да го доведе во прашање неговиот понатамошен настап на Европското првенство, па неговото извинување сигурно е со цел да добие некој поен за поблага казна.

Во објавеното извинување на совијалните мрежи тој не споменува на кого конкретно се извинува туку наведува се извинува на оние се почувствувале навредени. Исто така како причина ја наведува еуфоријата која настанала по голот во финишот за освоениот бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот