Фото: Фејсбук/Марина Дојчиновска

ФОТО | Да е здрава и весела: Голема радост кај Горан Алачки и Марина Дојчиновска

Голема причина за среќа имаат музичарот Горан Алачки и неговата партнерка, новинарката Марина Дојчиновска.

Марина Дојчиновска на нејзиниот Фејсбук профил објави фотографии на кои го означи Горан Алачки и со нив раскажа за убавите вести.

„Кумови највесели. На најубав празник ја крстивме Надја! Да е здрава и весела, голема да расте, да се радува со нас, а ние со неа и со сестричката Нина“, објави Марина на Фејсбук.


Марина Дојчиновска и прочуениот музичар Горан Алачки веќе над 11 години си ги разубавуваат животите.

Една од работите што ги поврзува е нивната воодушевеност од природните убавини на Македонија, конкретно од нивните Гари и Владимирово, објави во една прилика за „Еспресо“.

Марина изгради куќа во Гари, а Горан во Владимирово каде што сега живее, и таму го направи и својот музички центар каде што му доаѓаат гости од целиот свет.

„Јас знам колку неговите Беровци се горди на својот Алачки, а знам и колку многу тоа значи. Знаат дека тој го донесе цел свет во Берово, а Берово го носеше со себе на сите континенти. Неговите Владимирци знаат дека единствено Горан правеше концерти за опожарената црква и донираше десетици илјади евра, и црквата е обновена“, рече Марина Дојчиновска.

Таа стана позната по користењето и продажбата на капки направени од масло од кајсија, кои растат на Хималаите кои се корисни за многу здравствени проблеми.

ФОТО | Горан Алачки ужива со саканата на Малдиви, таму го прославија нејзиниот роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот