Да бидеме хумани, апел за помош на ракометната легенда Тони Шопов!

Ракометарот Тони Шопов, велешката ракометна легенда по многуте изиграни натпревари во неговата карирера, како во нашата земја така и во странство, последниве 3 години го игра најважниот натпревар за него…

Тони боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017год. на дел од дебелото црево пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија.

Во 2019 година во втората операција Ретропиротонеална лимфаденектомија му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат повторно беа потребни циклуси на хемотерапија.

Собирањето на средствата за помош на Тони Шопов на следниот ЛИНК 

Истото можете да го направите и на следниот ЛИНК

По три месеци за понатамошно лекување е препратен во Турција на радиотерапија со специјални SBRT зраци кое досега беше успешно, но дојдено е до рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција со 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со SBRT зраци.

За жал ваква терапија не е достапна во нашата држава. За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000 eвра.

ИТНО е потребно да продолжи лекувањето во Турција кое чини 20.000 евра. Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и потребна им е нашата помош.

Драги сограѓани, пријатели, познаници и добри луѓе… АПЕЛИРАМЕ ДА ЈА ПОКАЖЕТЕ ВАШАТА ХУМАНОСТ НА ДЕЛО, СЕКОГАШ Е ДОБРО ВРЕМЕ ДА СЕ НАПРАВИ ДОБРО ДЕЛО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот