Д-р Стевановиќ: Физички бевме нападнати и ни ги сечеа гумите од автомобилите

Милена Стефановиќ/ Фото: МИА

Притисоците, губењето пациенти, секундите кога ги губите, а сте немоќни. Сето тоа тешно ни паѓа. Со полно разбирање на семејствата, но заканите и навредите што сме ги доживеале навистина не погодуваат. Нас и физички не нападнале. Ни ги сечеа гумите на автомобилите со нож, вели директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ во гостувањето на „Топ тема“.

Давате се од себе, се трошите, ретко ги гледате своите семејства, а имате континуирана критика на системот. Но, тоа е наша работа и ќе ја работиме се додека стоиме на нозе, вели д-р Стевановиќ.

Во однос на кадарот, Директорката информира дека во изминатите 12 години, Клиниката добила само 3 инфектолози.

-По систематизацијата, имаме потреба од 12 специјалисти-инфектолози. Тоа е огромна бројка, додава д-р Стевановиќ

Според неа, здравствените системи во побогатите земји работеле со оние пациенти кои имале најголеми шанси за да им помогнат и да ги излекуваат.

-Оние со мали шанси за преживување воопшто не ги примаа во болница. Во однос на вакцините, таа е корисна и се однесува на минимализирање на бројката на луѓе кои се заразат со тешка клиничка слика. Ние сме генерација која е вакцинирана со вакцини кои ни од далеку не биле вака испитани и софистицирани како денешните. Сепак и со нив искоренивме многу болести, потенцира Стевановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот