Д-р Пановски: Да понесат одговорност тие што дозволија да имаме 5000 нови случаи на ковид-19 дневно

Д-р Никола Пановски граници
Фото: Архива на „Слободен печат“

Да понесат одговорност тие за тоа што ни го направија и што дозволија да имаме 5000 нови случаи на ковид-19 и веќе 50 починати, а сѐ уште сме на почеток, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски за ТВ Канал 5.

– Тие родители, што сѐ уште не се вакцинирани целосно, имаат време да се вакцинираат. Евентуално, би требало да им се даде рок на родителите да се вакцинираат. Тоа има логика, за децата да им тргнат на училиште, вели д-р Пановски.

Како што вели д-р Пановски, „ако некој бил толку храбар и дозволил свадби и прослави во затворено, може да биде и помалку храбар и да дозволи нешто корисно, а тоа е да се отворат училиштата“.

– Факт е дека со вакцина нема да имаме колективен имунитет, тоа треба јавно да се признае. Само природниот имунитет може да даде колективен имунитет кој кај нас е недозволиво потценет. Значи, вакцината користи, апелирам луѓето да се вакцинираат, вели д-р Пановски.

Д-р Пановски до тазе вакцинираните: Потврдата не ве штити од зараза, нека не ви дава лажна сигурност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот