Д-р Николов: Не убедуваа дека сè е под контрола, еве ситуацијата покажува колку сè е под контрола

Кога нема системска организација и кога не се следат правилата на експертите и науката и кога не се спроведуваат, доаѓа до оваа ситуација во која сме. Може да кажеме дека се шири вирусот секаде, но секојдневието потврдува дека тука е нешто различно од другите држави, истакна доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Сонце.

-Дебар на стартот на епидемијата се стави во карантин со вистински мерки и вистинска екипа се успеа да се излоира тој кластер. И тоа беше еден пример како треба. Тоа се бараше и за во Куманови бараше и градоначаникот молеше, но го исмеваа. Се покажа дека се беше прашање на пиар алатки со кои се претера. Полицискиот час даде резултат, падна ширење на вирусот и решија одиме на избори и делење на наводна помош на населението, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Сонце.

Според него по изборите кога се собираа луѓето, работеа дискотеки и сега дојдовме во оваа ситуација.

– Ние баравме да се направи бел план и сега веќе не е контролирано каде и како се шири вирусот. Потоа не убедуваа сè е под контрола, еве ситуацијата покажува колку сè е под контрола. Едноставно системот не е организиран, посочи Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот