Д-р Митов: Можеби е рано, но се појавува светлото од крајот на тунелот

–Секојдневно стигнуваат различни информации за Коронавирусот. Генералниот став на науката е дека ќе се создаде колективен имунитет. Но треба да се помириме дека премногу дилеми имаме на маса. Се уште се поставуваат основните прашања – се уште е во рамките на непозната начините преку кои се пренесува. Гледаме дека математичките модели кои ја предвидуваа смртноста претерале во претпоставките. Сега има замав од информациии. Нивното следење секоја минута е лошо и тука луѓето треба да направат еден чекор назад, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Д-р Александар Митов.

Поради постоењето на различни тези, неопходно е да се направи мега анализа.

-Студијата на германски научници, објавена на 6 април, и според нивните математички модели се претпоставува дека ние сме детектирале околу 6% од целокупната зараза, што би рекло дека милиони население го имаат веќе поминато вирусот. Но ова мора да спомнеме дека се уште е хипотеза која во наредниве недели треба да се докажува дали е точна.

Потребна е една мета анализа, односно анализа на анализи за да донесеме цврст заклучок. Но во овој момент тоа го немаме. Една нова студија вели дека степенот на заразување од овој вирус е многу поголем од тоа што очекувавме – претходно беше дека се пренесува до тројца, за вчера да излезе дека од еден заболен може да се заразат 5,7 луѓе, рече д-р Митов.

Треба да се следат научни студии кои се респектабилни или едноставно да се направи селекција на информации за да не дојде до поголема забуна и паника.

–Но она што морам да го напоменам е дека јас цитирам научни студии и центри кои што се респектабилни, а не некои на кои што им текнало да мислат дека знаат.

Правени се епиодемиолошки студии и анализи што се случувало во земји каде што БСЖ вакцината (кратенка од Bacillus Calmette–Guérin и примарно се прима како заштита од туберколоза) не е стандардна и други земји каде што е обврзна, при што се гледа во земјите каде што имаше катастрофа од здравствен аспект нема редовна БСЖ вакцинација. Исто е и во САД.

Не дека оваа вакцина е роднина на КОВИД-19 но се докажува таа имуно-модулаторска моќ на вакцината, може да го променат, издресираат имуниот систем за тој да може повешто да се однесува и кон други напаѓачи на нашето тело, додава Д-р Митов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот