Д-р Кунгуловски за „Слободен печат“: Новите соеви тешко ќе станат доминантни покрај британскиот

Експерите смируваат по загрижувачките вести што пристигнуваат од Бразил, каде коронавирусот развил 92 мутации кои ги заразуваат и лицата кои веќе прележале ковид-19, особено што во некои европски земји веќе е забележано присуството на П.1 мутацијата, популарно наречена „бразилски сој“.

Д-р Горан Кунгуловски, главeн директор на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при приватната клиника „Жан Митрев“ вели дека доминантниот кај нас „британски сој“, поточно Б.1.1.7, нема да дозволи лесно распространување на новите соеви.

Позитивниот аспект е тоа што и да влезе, бразилскиот сој нема да може лесно да се распространи, бидејќи подеднакво брзо се пренесува или малку побавно од британскиот. Сега-засега не може да стане доминантен и да влезе во земјава, ќе има мала преваленца. И воопшто, тешко ќе биде некој од новиве соеви, бразилскиот или јужноафриканскиот, да влезе и да стане доминантен, зашто британскиот сој има висока преваленца во Македонијавели Кунгуловски.

Тој додава дека нивните истражувања покажуваат оти некаде 99 отсто од новозаразените се со британскиот сој.

– Подоцна, бразилскиот сој дури и да ги зарази имунизираните, најверојатно нема да претставува опасност по здравје, хоспитализација и смрт – вели д-р Кунгуловски за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот