Д-р Костов за инцидентот во ГОБ 8 Септември: Додека делел терапија, медицинскиот техничар бил нападнат од пациент со мал нож

Коронавирус ковид-19 Македонија болница 8 септември
Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Директорот на ГОБ 8 Септември доктор Христијан Костов за ,,Слободен печат” опиша што се случувало минатата вечер во болницата, кога 77-годишен пациент нападна 36-годишен вработен во болницата со нож и го прободе.

Директорот вели дека инцидентот бил изненадувачки и неочекуван за сите. Станувало збор за 77 годишен пациент кој повеќе пати бил хоспитализиран во болницата поради срцева слабост. Кога медицинскиот техничар на возраст од 36 години минатата вечер делел терапија од кревет на кревет, одненадеж пациентот замавнал кон него од позади и го расекол со мал нож. Според доктор Костов, станува збор за дијагноза Ф 06, односно ментално растројство кое што настапува акутно и не е предвидливо. Медицинскиот техничар е во добра состојба и на местото на повредата има фластер.

Пациентот кој го нападнал медицинскиот техничар, отпосле изразувал жалење и каење и едноставно не бил свесен што направил, тврди директорот на ГОБ 8 Септември.

-Пациентот има срцева слабост и повеќе пати има лежено кај нас во болницата на 5 до 6 дена кога му се даваат диуретици па е пуштан дома. Вчера бил добар, веќе бил тука во болницата неколку денови и бил спремен да си оди. Меѓутоа, одненадеж кај него настапило ментално растројство, кое што е акутно. Медицинскиот техничар во тој момент делел терапија за болните. Пациентот зел замав да го нападне, да го удри со мал нож кој го имал во раката. Пристигнало обезбедувањето и веднаш е повикан психијатар. Пациентот дотогаш немал психијатриска дијагноза така што не бил под психијатриска терапија во моментот. Дијагностициран е со Ф6 дијагноза, односно ментално растројство заради било каква физичка болест, кога акутно се менува расположението. Убодот не е страшен, но обидот е страшен. Само со врвот го боцнал. Раната не е ниту за шиење, фластер има од левата страна горе од позади, изјави за Слободен печат доктор Костов.

Според него, кога пациентот се освестил што направил, настапило каење.

Беше вознемирен пациентот, не е свесен што се случило. Досега не му се случило такво нешто. Денеска треба да го пуштиме од болница. Размислуваме како во иднина да ги проверуваме торбите за лична хигиена на хоспитализираните пациенти, за да спречиме вакви настани, додаде доктор Костов за Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот