Д-р Данаиловски: Не е време за отворање на училиштата, децата под 14 години два пати повеќе го пренесуваат вирусот

Д-р Драган Данаиловски денеска за Канал5 изјави дека училиштата во земјава не треба да се отворат наскоро.

– Се плашам што ќе биде со школската година кога ќе почне, со оглед на гласините кои се шират, дека училиштата ќе се отворат. Не знам како тоа ќе изгледа, децата да носат маски 4-5 часа, тоа е малку илузорно. Се плашам дека тоа нема да успее, вели д-р Данаиловски.

Тој дополни дека две студии се објавени деновиве – всушност се уште не се објавени туку се дадени како ракопис – и едната вели дека децата до пет години имаат 10 до 100 пати повеќе вируси во носните патишта.

– А една друга студија од северна Италија вели дека децата под 14 години два пати повеќе го пренесуваат вирусот. Ова доволно зборува дека, според сегашната епидемиолошка состојба кај нас, не е време за отворање на улиштата, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот