Д-р Беќаровски: Прес-конференција во Инфективната клиника за народот конечно да сфати дека сме во војна со невидлив непријател, јавен апел до Османи, Села и Таравари (ВИДЕО)

Ова не е време за политика. Ги повикав сите доктори да застанат зад здравјето на граѓаните. Прес конференција да се оддржи внатре во или пред Инфективната клиника за за народот конечно да сфати дека навистина се бориме со невидлив непријател. Државата ни е во еден вид на војна од која што загубите се огромни, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Нико Беќаровски.

Бројот на смртни случаи поголем од конфликтот во 2001 година.

-Веќе ја надминавме бројката на починати од конфликтот во 2001 година. Ако тоа не е доволен показател јас не знам што би требало да направиме. Оние кои што тврдат е резултат на пропагандата која што се врши посебно по социјалните мрежи, каде што за жал има и наши колеги кои што тврдат дека вирусот не постои и дека се работи за обичен грип. Ние здравствените работници веќе сме упорни. Три месеци под полна спрема, 24 часа со скафандер, маска и мантил на нас, веќе не се издржува, вели Беќаровски.

Прочитајте и...  Во Индонезија заразени со Ковид-19 речиси истовремено 54 новинари

Инаку по растот на заразени од коронавирус во одредени средини, непочитување на заштитните мерки и неверувањето дека постои коронавирусот, токсикологот д-р Нико Беќаровски, упати јавен апел до докторите Османи, Села и Таравари, кои се истовремено и важен политички фактор, да упатат важен апел .

,,Почитувани мои колеги, др.Бујар ОСМАНИ, др.Арбен ТАРАВАРИ и др.Зијадин СЕЛА !!!!

Како политички најекспонирани доктори од албанските партии, најколегијално Ве замолувам уште утре да свикате заедничка прес конференција, на која јавно со Вашиот лекарски и политички легитимитет ќе ги повикате нашите сограѓани од Чаир, Сарај, Арачиново, Липково, Студеничани, Лабуништа итн да се придржуваат кон сите препораки.

Ценети мои колеги, бројките во последниве денови недвосмислено покажаа и докажаа дека бројот на новозаразени е обратно пропорционален со бројот на граѓани кои ги почитуваат мерките.

ВИЕ, почитувани мои колеги, можете, а во ситуацијава и морате, ЗАЕДНО СПЛОТЕНИ, да го упатите тој повик.

Како доктори сме дале заклетва да се грижиме за секој човечки живот, а овие денови наши сограѓани ја губат оваа најважна животна битка.

Секој живот е драгоцен и затоа уште еднаш Ве замолувам, заеднички повикајте на КОЛЕКТИВНА И ИНДИВИДУАЛНА ОДГОВОРНОСТ.

Истиот апел го упатувам и до мојот драг колега др.Игор Гила НИКОЛОВ, да излезе на ЗАЕДНИЧКА прес конференција со др.Венко ФИЛИПЧЕ.

 

Прочитајте и...  Се подготвува монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија

Прочитај повеќе

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Слободен печат

Право на глас имаат 1.814.263 граѓани

Слободен печат

Изборниот ден неработен за сите граѓани

Слободен печат

Предвремени парламентарни избори во Северна Македонија

Слободен печат

Вкупно активни 3.475 случаи на Ковид-19, најмногу заболени во Скопје и Тетово

Слободен печат

Сончево и топло време, температурата ќе се искачи до 32 степени

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат

Медицинска сестра од Чиле се грижи за болните од ковид-19: После смената свири на виолина низ ходниците (ВИДЕО)

Слободен печат

Судот ја одби кауцијата за поранешната девојка на педофилот Епстин

Слободен печат

Американска компанија кон крајот на месецов ќе тестира вакцина врз луѓе

Слободен печат

Во Дебар досега направени над 1.100 тестови, позитивни 153 лица

Слободен печат

Португалската полиција пребарува бунари: Се сомневаат дека педофилот Брукнер таму ја фрлил Медлин Мекен

Слободен печат