ЦУК: продолжување на соработката меѓу Македонија и Албанија во делот на управувањето со кризни и итни ситуации

Денеска  (19.05.2021), в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со замениот директор Екрем Зендели и кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), д-р Урим Вејсели,  имаше работна билатерална средба со високи претставници од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија во рамки на продолжување на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија токму во делот на управувањето со кризни и итни ситуации. Генерално се разговараше за три основни теми: продолжување на досегашната соработка, за учеството на НАТО ЕАДРЦЦ вежбата во Македонија и за можната соработка и менување искуство при воспоставување на Единствениот европски број за итни ситуации 122.

Притоа беше нагласено дека секоја држава во практичната надоградба ќе и помага на другата, со менување на искуствата особено во дел каде што едната држава е понапред во одредени области при имплементацијата и развојот на совремемениот менаџмент во системот за управување со кризи. Тоа е особено важно заеднички да се надоградува, беше нагласено од Ангелов, бидејќи кризите и катастрофите не признаваат и државни граници и соработката меѓу двете држави ќе спасува животи.

Делегацијата на Република Албанија престојува во дводневна работна посета на Македонија и дел од неа беа: генералниот директор (на Генералниот директорат) на Службата за заштита и спасување од пожар на Република Албанија, господин Алфред Кристули, Шкрким Гоџај – директор и Албан Љачи, главен раководител од истата служба за Општина Тирана, а од Националната агенција за цивилна заштита  на Р. Албанија беа директорите Клоџи Никола и Роберт Хисенлари. При оваа работна посета ќе бидат остварени и слични средби и со други институции и дирекции во нашата држава.

Инаку, да потсетиме дека во февруари годинава, во Тирана,  в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), д-р Урим Вејсели,  имаше работна билатерална средба со високи претставници и од Владата и од институциите од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија во рамки на продолжување на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија токму во делот на управувањето со кризни и итни ситуации.Тоа беше конкретно настан директно поврзан со обуката за веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти” (Next-Generation Incident Command System – NICS) и е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби” во Западен Балкан којшто се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS).

При тоа, во своите воведни обраќања, заменик министерот за одбрана и генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита на Република Албанија, изразија задоволство со пофални зборови за спроведувањето и соработката за проектот.

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во своето воведно обраќање, заблагодарувајќи им на домаќините за организацијата на настанот и посакувајќи успешна реализација на претстојната NICS обука наменета за персоналот во Р. Албанија, рече дека:

„Веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти” (Next-Generation Incident Command System – NICS) е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби” во Западен Балкан кој се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS) и дека NICS претставува едно од најсовремените технолошки постигнувања во полето на кризниот менаџмент, а Република Северна Македонија и земјите од регионот (Република Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина) ја имаат можноста и привилегијата во целост да го имплементираат овој систем до крајот на 2021 година.

Како алатка за просторно прикажување на податоци во насока на справување со настаните и појавите во реално време, NICS овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу надлежните служби со цел побрзо донесување одлуки за ефикасно справување. Алатката истовремено овозможува целосно и вистинито информирање на медиуите и граѓаните во насока на подигање на свесноста и разбирањето на ризиците. Центарот за управување со кризи, како координатор на проектните активности во Република Северна Македонија, има успешна соработка со институциите во земјата кои се дел од проектот, вклучително и со земјите партнери од регионот и пошироко.

Тогаш, Ангелов, посакувајќи успешна реализација на претстојната NICS обука наменета за вашиот персонал посочи дека очекува понатамошна плодна соработка со Центарот за управување со кризи.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот