Црвена звезда по петти пат шампион на АБА лигата

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Црвена звезда е шампион на АБА лигата за натпреварувачката сезона 2020/2021. „Црвено-белите“ денеска во одлучувачкиот петти натпревар го совладаа Будуќност во Белград со резултат 67:60 и така славеа со конечни 3:2 во финалната серија.

За Црвена звезда ова е петта титула во регионалното натпреварување, а вкупно четврта за тренерот Дејан Радоњиќ. Воедно српската екипа обезбеди учество во Евролигата.

Кај победникот доминираше Ноко со 17 поени и 12 скокови), следен од Лојд кој имаше 15 поени, а четири помалку Добриќ (осум скокови).

Токму камерунскиот центар Ноко беше прогласен од АБА лигата за најкорисен играч во финалето.

Во редовите на црногорскиот состав Кобс реализираше 21 поен, додека Ивановиќ (осум асистенции), Митровиќ и Николиќ се истакнаа со по осум поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот