Црногорец осуден на 14 години затвор поради воени злосторства во Косово

Фото: Принтскрин

Судот во Подгорица осуди доброволец на поранешната војска на Југославија на 14 години затвор поради злосторства против цивили во војната во Косово во 1999 година.

Владо Змајевиќ на 30 март 1999 година убил четири лица од албанска националност во косовското село Жегра, пренесуваат медиумите од регионот.

Во образложение на пресудата, пишува дека Змајевиќ убил тројца мажи со огнено оружје, а една жена со нож.

Змајевиќ во истрагата се бранел со тоа што истакнал дека ги убил во страв дека тие ќе  пукаат во него.

Но, сведоците рекле дека убиствата ги извршил ладнокрвно, а кога го прашале зошто го направил тоа, Змајевиќ одговорил: „Затоа што е Албанец“.

Судијата истакнал дека било утврдено дека убиените не биле вооружени и неучествувале во вооружените конфликти во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот