Циркусот продолжува, државата не го признава, а му даде да го организира Охридски маратон

Циркузот во македонското пливање во борбата за власт никако да заврши, а се чини дека завршницата не е на повидок. Александар Маленко, кој е претседател на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ) денеска објави дека доби дозвола од Владата да го организира Охридскиот пливачки маратон и уште два меѓународни настани.

Дозволата на Маленко и неговата ПФСМ му ја издаде Капетанијата на Пристаништата – Охрид при Министерството за транспорт и врски и тоа за организација на дури три трки, Охридскиот маратон, трката на 10 километри од светската Гран-при светска серија и Лен купот на отворени води.


За да ги добие дозволите за организација, Маленко и ПФСМ во април годинава формираа Комитет за далечинско пливање и меѓународни пливачки манифестации.

 

Проблемот е во тоа што државата преку Централниот регистар како официјална федерацијата ја признава Националната пливачка федерација (НПФ) чиј претседател е Александар Филипчев. Маленко и неговата ПФСМ продолжуваат да функционираат, а поранешниот пливач како главен адут ја има Светската пливачка федерација, ФИНА која сè уште го смета за предводник на македонското пливање, и ја дозволи промената на името на Федерацијата.

Маленко, минатиот месец заработи кривична пријава од Александар Филипчев
поради лажно претставување и користење на фалсификат печати бидејќи во Централниот регистар не постои ПФСМ туку Национална пливачка федерација чиј претседател и токму Филипчев.

Бидејќи не се надзира крајот на циркузот во македонското пливање, ФИНА најави дека нејзини претставници ќе пристигнат во Македонија за конечно да се стави крај на рашомонијадата во пливањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот