Циципас на пет минути пред стартот на финалето против Ѓоковиќ дожна тажна вест

Гркот Стефанос Циципас изненаден од Рејли Опелка/Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас откри дека непосредно пред финалето на Ролан Гарос со Новак Ѓоковиќ дознал оти починала неговата баба.
Циципас во своето прво грен слем финале загуби од Ѓоковиќ во пет сетови 6:7,2:6,6:3,6:2,6:4.
„ Поентата на животот не е во победите и поразите, туку во тоа да се ужива во секој момент од животот, и кога сте сами и кога сте со другите. Да се живее живот без нервози. Да се креваат пехари и да се слават победите претставуваат нешто, но не претставуваат се. Пет минути пред да излезам на теренот, мојата баба ја загуби битката со животот“, напиша Циципас на својот профил на Инстаграм.

„Мудра жена чија верба во животот и подготвеност да даде, не можат да се споредат ниту со една личност која сум ја запознал. Важно е да имаат лица како неа на овој свет, тие кои прават да се чувствуваме како живи суштества. Тие прават ние да сонуваме. Би сакал да кажам дека независно од денот, ова е посветено само на неа. Ти благодарам што го израсна татко ми, без него ова ќе беше невозможно“

Ѓоковиќ е крал на тенисот, со неверојатен пресврт до титула на Ролан Гарос

Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие емоциите: Ова е остварување на сонот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот