Царовска: За 5.000 денари ја зголемивме финансиската поддршка за згрижувачите

Царовска посочи дека во Македонски Брод има 37 згрижувачи, кои се грижат за вкупно 56 деца. А само во Манастирец има 11 семејства со згрижени 20 деца.

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска денеска во село Манастирец во Македонски Брод се сретна со згрижувачките семејства, од каде порача дека за 5.000 денари е зголемена финансиската поддршка за згрижувачите.

Царовска посочи дека во Македонски Брод има 37 згрижувачи, кои се грижат за вкупно 56 деца. А само во Манастирец има 11 семејства со згрижени 20 деца.

-Ја поздравувам нивната посветеност и продолжуваме да ги поддржуваме уште повеќе и уште подобро. За заедно да обезбедиме топол дом за секое дете им даваме огромна поддршка на згрижувачките семејства. Овие семејства освен што им даваат родителска љубов на загрижените деца имаат и финансиска корист. Во изминатиот период ја покачивме финансиската помош која им следува за едно дете од 8.500 ја покачивме за 5.000 денари, на речиси 14.000 денари, а за деца со попреченпст изнесува 16.200 денари, истакна Царовска.

На средбата со згрижувачите присуствуваше и кандидатката за пратеничка на коалицијата Можеме Анета Симеска и градоначалникот на Македонски Брод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот