Царовска во посета на средното уметничко училиште: И во второто полугодие обезбедуваме успешна настава со хибридниот модел

Фото: mia.mk

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска, по повод почетокот на второто полугодие, го посети средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски” во Скопје. Наставата во ова училиште се одвива со физичко присуство и приспособена е на практичната настава на учениците.

Како што информираат од МОН, Царовска на состанокот со директорот на училиштето Филип Фидановски, истакнала дека, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, се обезбедени сите услови за непречена реализација на наставата во време на пандемија.

Веќе воспоставениот хибриден модел од првото полугодие се покажа како успешен и наставата продолжува по истиот модел, наведува МОН.

– Директорот Фидановски ја информира министерката дека учениците се подготвуваат за полагање на претстојниот матурски испит и најуредно се имаат пријавено во законски утврдениот рок, соопшти МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот