Царовска: Денеска го славиме непоколебливиот феминизам кој се бори за сите девојки и жени

Фоти Архива

Министерката за образование и наука Мила Царовска во видео-обраќањето по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март истакна дека денеска го одбележуваме феминизмот кој се бори за сите оние кои не можат се уште да се изборат за самите себе.

Царовска им оддаде почит на сите девојки и жени кои беа изложени на насилство во случајот „Јавна соба”.

– Нивната храброст јавно да проговорат ќе помогне заедно да се исправиме пред предизвикот, а наша обврска како Влада и институции е да обезбедиме заштита од злоупотреба на женските права сега и во иднина и оние кои тоа го прават да бидат изведени пред законот. Наша реалност мора да биде општество каде еднаквоста и недискриминацијата ќе бидат основни човекови вредности. Од ова не смееме никогаш да се откажеме, посочи Царовска.

Потсетувајќи дека денешниот празник е во слава на непоколебливиот феминизам кој се бори за политичко организирање на жените, кој се бори за сите девојки и жени, за младите, за пензионерките, за работничките, за трансродовите лица, министерката Царовска рече дека најдобар начин да ги славиме генерациите феминистки пред нас, е да ја продолжиме нивната борба во семејството, на улица, во институциите, во училиштата…

– Затоа, клучен предизвик пред нас се реформите во образованието кои значат вложување во идни генерации кои растат со вредностите на родова еднаквост, солидарност и ненасилство. За еднакви можности, за силни и солидарни девојки и жени!, рече министерката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот