ЦУК: Голем пожар во струшко, кај Елен Камен гори дабова и ниско стеблеста шума

Пожар / илустрација / Фото: МИА
Центарот за управување со кризи информира за шумски пожар во непосредна близина на туристичката населба Елен Камен во близина на с.Радожда.
-Се интервенира со 2 противпожарни возила и 6 пожарникари и тројца вработени во ШС Јабланица-Струга.  Гори дабова и ниско стеблеста шума. Проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден, соопштија од ЦУК на својата Фејсбук страница.
Според нив моментално нема опасност од загрозеност на објекти но поради ветерот екипа на ТППЕ-Струга постојано ќе го контролира опожарениот простор во текот на ноќта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот