Пожар на „Јасен“ / Фото: Дирекција за заштита и спасување

ЦУК: Активни пожарите во „Јасен“ и во атарот на селата Беловодица и Церово

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова шума и сеча.

Од изгаснатите пожари, по два биле на територија на општините Гостивар, Петровец и Тетово, а останатите во регионот на Гази Баба, Долнени, Желино, Крушево, Неготино, Радовиш, Струга, Студеничани и Чешиново – Облешево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот