Црвена звезда по бројот на титули ќе ги престигне Јувентус и Ајакс, а веројатно и Реал Мадрид
Фудбалерите на Црвена звезда се на еден чекор од освојување на својата деветта последователна титула во српскиот шампионат, со што ќе ги престигне три од најголемите имиња во европскиот фудбал во однос на вкупниот број на национални трофеи.
Препорачано
Српската лига влегува во последните седум кола од сезоната, а белградските „црвено-бели“ моментно имаат 13 бодови предност во однос на второпласираната Војводина, а Партизан е на третото место со 61 бод.
Црвена Звезда со 37 шампионска титула, ќе ги престигне Реал Мадрид, Јувентус и Ајакс, кои имаат освоено 36 шампионски титули на европско ниво.
Ајакс во холандското првенство е на петтата позиција со 51 бод, дури 23 помалку од водечкиот ПСВ. Потоа, Јувентус е на четвртото место во Италија со 60 бодови, 12 помалку од лидерот Интер, а веќе многумина веруваат дека Реал Мадрид ја губи борбата за тронот во Шпанија, се наоѓа на втората позиција со 70 бодови, девет помалку од Барселона на врвот.
Светскиот рекордер по број на освоени национални првенства е Линфилд од Северна Ирска, кој има 57 титули. Селтик и Ренџерс имаат по 55, но во Шкотска моментно водечки тим е Хартс. На светската листа тука се и уругвајските клубови Пењарол и Национал со 52 и 50 титули, соодветно. Олимпијакос во Грција има 48, Олимпија Асунсион од Парагвај има 47, како и Олимпија Тегусигалпа од Хондурас.
Ал Ахли од Египет има 45, Јужна Кина од Хонг Конг има 41 титула, Депортиво Саприса од Костарика има 40, а повеќе од Црвена звезда имаат уште португалската Бенфика и Ривер Плата од Аргентина со по 38 освоени титули.


