Црвен крст со нови санитетски возила ќе им помага на граѓаните да дојдат до болница

Црвениот крст на Град Скопје денеска промовираше 4 санитетски возила со чија помош ќе им се помага на болни, возрасни и изнемоштени лица да бидат транспортирани до клиниките и амбулантите, во случаите кога нема да има никој друг да ги транспортира. Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека со Црвениот крст планиран е и проектот „итно копче“ кој ќе функционира 24 часа, секој ден.

–  Овој проект е за повозрасни, болни, изнемоштени, за лица со посебни потреби. Кога ќе им треба услуга, ќе можат да го сторат тоа и да им помогнеме со санитарните возила. Доколку ова оди добро, ќе треба да ги активираме овие услуги и во другите градови, рече Таравари.

„Итно копче“ е услуга која е достапна 24 часа во неделата, а лицата ќе можат да побараат помош преку притискање на само едно копче, според веб-страницата на Црвен крст. Кога корисникот на аларм-уредот ќе го притисне копчето, ќе добие повик од операторот на контакт центарот на „итно копче“.
Потоа тој ќе ги сподели информациите за тегобите со кои се соочува, а обученото лице му дава понатамошни насоки, а по потреба се испраќа тим за прва помош во неговиот дом.

Доколку има потреба, се обезбедува транспорт до соодветната установа, пишува на веб-страницата на Црвен крст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот