Цртежи и колажи на Јана Манева-Чупоска се изложени во Националниот музеј на Војводина во Нови Сад

Изложбата на цртежи и колажи со наслов „Љубовници во пандемија“ на Јана Манева-Чупоска од 22 октомври е поставена во Националниот музеј на Војводина во Нови Сад, Република Србија. Изложбата се состои од четириесет дела изработени во комбинирана техника: молив, јаглен, акрил и темпера.

Авторката е инспирирана од актуелната состојба со пандемијата на коронавирусот, што во негативна насока целосно го промени начинот на животот кај луѓето. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата за враќање на животот во нормална насока.

Преку фигуративните композициски ликовни претстави, ликовната уметница ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во времето на корона-кризата. Таа љубовта ја нагласува како ликовен симбол, кој во овие дела дава надеж дека, сепак, љубовта ќе го спаси човештвото.

Изложбата во Нови Сад е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, како проект од национален интерес во ликовната дејност за 2021 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 102, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 23-24 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот