Црногорските медиуми: Руските „Ноќни волци“ го чуваат манастирот Цетиње 

Цетињски манастир/ Фото Screenshot

Црногорскиот портал Аналитика тврди дека екстремистичката проруска „Ноќни волци“ група била ангажирана како обезбедување при подготовката на устоличувањето на митрополитот Јоаникие во Цетиње во септември.

Цетињски манастир/ Фото Screenshot

Повикувајќи се на пишувањата на подгоричка „Побједа“, порталот наведува дека покрај „Волците “, имало и неформални групи, таканаречени братства, како и бројни лица од криминалните структури на Црна гора и соседството.

Имено, во подгоричка „Побједа“ се наведува дека членовите на екстремистичката, проруска група „Ноќни волци“, заедно со другите „просрпски екстремистички организации“, очигледно биле ангажирани во заштитата на манастирот Цетиње во пресрет на устоличувањето на митрополитот Црногорски и Приморскиот Јоаникиј на 5 септември.

Демонстранти во Цетиње/ Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Весникот се повикува на документ во кој, како што велат, имале увид, а се работи за записникот од сослушувањето на Жељко Вукчевиќ, еден од водачите на оваа мото -асоцијација.

По повод настаните во Цетиње, Вукчевиќ дал изјава во полиција на 23 септември, како граѓанин. Тој рече дека бил во Цетинскиот манастир само за да помогне да се подготви за „свечениот чин на устоличување“, дека не бил вооружен, ниту тој ниту кој било друг, и дека единствените вооружени биле специјалните сили на црногорската полиција кои го донеле митрополитот Јоаникие и патријархот на СПЦ, Порфирије.

Вукчевиќ во записникот навел и дека во манастирот имало присуство на припадници на безбедносните служби од други земји.

Црногорска полиција во Цетиње/ Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

„Ноќните волци“, како проруска организација формално основана во Црна Гора во 2015 година, подолг временски период се ангажирани за обезбедување на имотот на СПЦ во Црна Гора, пишува Аналитка и додава дека тие не се единствените, туку наводно во обезбедувањето се вклучени и разновидни неформални групи – таканаречени братства., како и бројни поединци од криминални структури “.

Црногорска полиција во Цетиње/ Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Според информациите на „Побједа“, многу од нив биле ангажирани и на Цетиње, а со безбедносните мерки раководел и координирал свештеникот Михајло Бачковиќ, близок до директорот на Агенцијата за национална безбедност Дејан Вукчиќ, но познат и по дружењето со старлетата и безбедносно-интересната личност Сораја Вучелиќ.

Порталот Аналитика, исто така, објави дека деновите пред устоличувањето, десетици вооружени мажи, претежно од криминалното опкружување, престојувале во манастирот Цетиње.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот