Чупавци какви се уште не сте пробале: Со овој додаток се уште поубави! (РЕЦЕПТ)

Направете го омилениот колач на овој начин, нема да згрешите…

Состојки:

– 4 шолји брашно
– 4 јајца
– 2 шолји шеќер
– 2 шолји масло
– 2 шолји јогурт
– прашок за печиво
– вишни (по желба)
– 400 грама чоколадо
– 4 дцл млеко
– 400 грама кокос

Подготовка:

– Одвојте ги жолчките од белките.
– Измешајте ги брашното, јогуртот, маслото, шеќерот, жолчката и прашокот за печиво, па лесно изматете снег од белките.
– Плехот намастете го, набрашнете го и додадете ја смесата за колачот.
– Во неа додадете ги исчистените вишни и печете на 180 степени 40 минути.
– Стопете го чоколадото со млеко.
– За тоа време оладете го испечениот колач, исецкајте го на коцки и секоја коцка една по една потопете ја во стопеното чоколадо, не држете ја во чоколадото премногу долго за да не се распадне и извалкајте ја во кокос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот