Чудо во Дубаи, го победи Ѓоковиќ, па приреди нова сензација

Јиржи Весели на еден чекор од титула/Дубаи, Обединети Арапски Емирати/25 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Чешкиот тенисер Јиржи Весели продолжи со сензации на АТП турнирот кој се одржува во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

По Новак Ѓоковиќ, 123 играч во светот го шокираше и Канаѓанецот Денис Шаповалов и се пласираше во финалето каде в сабота ќе се сретне со Русинот Андреј Рубљов.

Во крајно неизвесното полуфинале, Весели со пресврт го елиминираше Шаповалов, во три тај-брејка – 6:7 (7:9), 7:6 (7:2), 7:6 (7:3).

Чехот дефинитивно го игра тенисот на кариерата, а на овој турнир мораше да ги мине квалификациите за да стигне до главната жрепка.

Шаповалов дури имаше и „добиен меч“, при 5:4 во третиот сет сервираше за победа и финале. Но, тој не стигна ниту до меч топката, Весели го врати брејкот, а во самата завршница уште еднаш покажа неверојатна психичка сила која го красеше и претходно на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот