Чудо кај Ниш, јаболкниците процветаа во октомври – што значи тоа?
Деведесетгодишниот Чедомир Величковиќ од овој крај вели дека не се сеќава дека некогаш порано видел нешто слично.
Во селата под Селичевица, во Заплање кај Ниш, Србија, мештаните овие денови се сведоци на несекојдневна појава – јаболкница во цвет, и тоа среде октомври, кога природата веќе се подготвува за есен и првите студени денови, објави „Блиц“.
Препорачано
Деведесетгодишниот Чедомир Величковиќ од овој крај вели дека не се сеќава дека некогаш порано видел нешто слично.
Мештаните не им веруваат на своите очи.
„Во моите деведесет години не паметам јаболко да цвета во октомври. Ова е првпат“, раскажува тој.
Додека стручњаците вакви појави ги објаснуваат со климатските промени и продолжените топли периоди, жителите на Заплање имаат свое толкување.
„Старите велат – кога јаболкото ќе процвета наесен, ќе биде родна година. Сè ќе роди. Дури и деца ќе се раѓаат под Селичевица и Сува планина“, порачува Чедомир.
Зошто јаболкницата цвета во октомври?
Иако е невообичаено, јаболкницата може да процвета и во октомври, иако нејзиното природно време на цветање е напролет – обично во април или во мај.
Тоа се случува поради промените на временските услови – кога по подолг топол период ќе следат дождови, а потоа повторно високи температури, растението може да „помисли“ дека е пролет.
Стресот на растението – оштетувања, суша или нагли промени на температурата – може да го наруши неговиот вегетативен циклус. Одредени сорти на јаболка се почувствителни и повремено можат да имаат „второ цветање“ наесен.
Во Србија вакви случаи се забележани неколкупати во последните години, особено во јужните делови на земјата, кога октомвриските денови биле натпросечно топли.
Во време кога временските прилики сè почесто изненадуваат, оваа состојба под Селичевица потсетува дека природата секогаш има свои тајни – и дека, дури и во октомври, знае повторно да процвета.


