„Човек обвинет за кривични дела не е наш премиер“ – Противниците на Нетанјаху се собраа пред неговата резиденција

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN

Пред судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинет за корупција, повеќе од 250 негови приврзаници протестираа пред судот во Ерусалим, додека неговите противници демонстрираа пред неговата резиденција.

Неговите противници, од таканареченото „Движење на црното знаме“, извикуваа „човекот обвинет за кривични дела не е наш премиер“ и дека „работи против судството и полицијата“.

Полициските сили се распоредени по улиците што водат до судот. Нетанјаху претседаваше со првата седница на својата нова влада пред да започне судењето, а министерот за религија во заминување му посака на Нетанјаху „Бог да му помогне да ја изнесе вистината на виделина“.

Нетанјаху е обвинет за измама и злоупотреба на доверба во три случаи и прифаќање мито во еден од нив, што тој ги негира, тврдејќи дека е мета на „ловот на вештерки“ на медиумите, полицијата, обвинителите и судовите.

Нетанјаху е првиот израелски премиер на кој му се суди. Новиот претседател на израелскиот парламент Јарив Левин, рече дека судењето ќе биде запамтено како „една од најниските точки во израелскиот судски систем“, додавајќи дека обвинувањата против премиерот биле „невидени во западните демократии“. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот