Членовите на УО на ФФМ си поделиле премии од по 20.000 евра?

Фото: ffm.mk

Во повеќе медиуми вчера беше објавена вест дека членовите на УО на ФФМ наводно си поделиле високи премии за пласманот на македонската репрезентација на ЕП. Ова главно наиде на негативни коментари во јавноста.

Големи реакции предизвика вчера објавената вест на повеќе електронски медиуми дека членовите на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија си поделиле по 20.000 евра како премија за пласманот на македонската репрезентација на Европското првенство 2021. Наводно вкупната премија на членовите на УО изнесувала 300.000 евра. Веста беше објавена во повеќе електронски медиуми, на фејсбук страницата на сајтот „Полн погодок“, на „Спорт 1“, „Нетпрес“, „МКД“, „Либертас“, „Локално“…
Веста предизвика главно негативни реакции во фудбалската јавност. Денеска се обративме до ФФМ за реакција во врска со вистинитоста на оваа вест, а оттаму ни изјавија дека во тој момент немаат никаков коментар. Но од куќата на фудбалот најавија можна реакција за подоцна.
– Доколку оцениме дека има потреба, ќе излеземе со став. Во моментов не можам да кажам ништо за оваа тема. Но, ако имаме реакција, ќе бидете информирани – ни рече Златко Андоновски, портпарол на ФФМ.
Неодамна капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, ја критикуваше ФФМ, и меѓу другото рече: „Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот уште ви е во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес.“
Вкупната премија што ФФМ ја додели за пласманот на македонската репрезентација на Европското првенство е околу 3,2 милиони евра, од што најголем дел добија репрезентативците.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот