Меѓународен аеродром Скопје (Фото: ТАВ)

Член на обезбедувањето на Гаши вперил пиштол кон службеник на скопскиот аеродром

Тежок вооружен инцидент утрово се случил на аеродромот ТАВ. Член од обесбедувањето на Гаши се заканувал на вработен на аеродромот бидејќи не дозволил косовската претседателка Вјоса Османи да ја прескокне скен контролата, пренесува Телма.

Според информациите од МВР, во ВИП делот за проверка на патниците кои слетале од Париз била и косовската претседателска Вјоса Османи. Во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж.

Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.

По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши кој бил полициски службеник со уште две други лица исто така вработени во МВР и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој ѝ направил проблем на претседателката.

При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин.

Но, според написите на дел од медиумите расправијата прераснала во инцидент откако обезбедување на Гаши освен вербалните закани извадило и пиштол и го вперило кон вработени на ТАВ и вработен на граничниот премин на Аердоромот.

Од МВР, информираат дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со обвинителството при Одделнието за борба проитв организран криминал се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, велат ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот