Чиле е третиот полуфиналист на „Копа Америка“ (ВИДЕО)

twitter.com/UtdWays

Херој на Чиле беше играчот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, кој го постигна одлучувачкиот пенал.

Во првите четири серии беа прецизни двете репрезентации, а во петтата Колумбиецот Вилијам Тесиљо беше трагичарот во своите редови.

Колумбија одигра еден лош натпревар, за 120 минути каде што мрежите мируваа имаше само еден шут во рамките на противничкјиот гол.

Чилеанците во борбата за финалето ќе играат со подобриот од пресметката Уругвај-Перу.

Потсетување дека веќе е формирана првата полуфинална двојка, домаќинот Бразил ќе игра против Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот