ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ ПОЖАРОТ ВО ВЕЛЕС, позната и причината

Фото: дума.мк

Четири лица се приведени во полициската станица во Велес со сомнеж дека го предизвикале пожарот откако со брусалица работеле во близина на боровата шума, на крстосницата за Башино село и патот кон езеро Младост пренесува порталот Дума.

Од МВР потврдија дека во полициската станица во Велес се приведени четворицата работници кои го предизвикаа денешниот пожар. Тие веќе дале исказ со кој признале дека го предизвикале, се обиделе да го изгаснат и кога не успеале го пријавиле пожарот во противпожарната единица. За нив полицијата чека мислење на јавен обвинител.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот