Четворица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Скопската полиција вчера била алармирана дека на автопатот Скопје – Куманово, спроти населбата Хиподром, се случила сообраќајна несреќа помеѓу  возило „опел корса” управувано од Е.Т.(41) од село Долно Коњари, скопско и возило „сеат ибица” управувано од А.С.(44) од Агино село, кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат ибица”, Б.Т.(47) од с.Агино село, а уште една сопатничка од возилото, А.С.(26) од истото село, и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот