Четири лица од Делчевско не ја почитувале мерката за ограничено

Македонска полиција/ Фото: Миа

Според соопштението на полицијата, се работи за лица на возраст од 22 до 53 години.

Четири лица од делчевскиот регион не го почитувале полицискиот час во изминатите 24 часа. Според соопштението на полицијата, се работи за лица на возраст од 22 до 53 години.

– Се работи за лицата Б.П.(36) од село Тработивиште, делчевско, П.С.(38).и Д.Д.(22) и двајцата од Делчево, како и М.К.(53) од делчевското село Вирче. Пријавените, во период од 31.03.2020 до 27.04.2020 година не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење, информираат од полицијата.

Кон истите лица, како што додаваат ќе биде поведена прекршочна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот