Чествување на македонскиот јазик ќе се одржи во Музејот на романската литература во Букурешт

Плакат за настанот во Букурешт

Во Музејот на романската литература во Букурешт, Романија, на 7 декември ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик. На иницијатива на Амбасадата на РС Македонија во Романија, лекторката по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Букурешт Елена Ѓорѓиовска и филологот по романски јазик и книжевност Теа Теохаревска-Иванова, во фокусот на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик ќе биде стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.

На настанот ќе учествуваат студентите од Лекторатот за македонски јазик во Букурешт, кои за првпат ќе читаат и нови препеви на поезијата на Ацо Шопов на романски јазик кои самите ги направиле. Ќе биде прочитана и поезија од други македонски и романски поетеси и поети на македонски, на романски и на англиски јазик.

Во рамките на настанот ќе биде реализирана и дегустација на македонски вина и сирења во организација на „Слоу фуд Македонија“ и прикажување филм за Скопје, во продукција на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

– Денот на македонскиот јазик во Романија – 8 Декември, се одбележува од 2018 година. Датумот е поврзан со денот кога Македонската православна црква го одбележува својот патрон св. Климент Охридски – Чудотворец, кој е прв македонски архиепископ, творец на познатата Охридска книжевна школа и најзначаен македонски средновековен писател и педагог – истакнува Теа Теохаревска-Иванова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот