Често сте уморни иако многу спиете? Науката објаснува зошто се чувствувате така

Profimedia

Со пандемијата која започна уште во март минатата година, нашите животи се променија во целост. Повеќето време поминато дома, вклучувајќи повремена самоизолација во случај да сме биле изложени на инфекција со коронавирус, работењето од дома предизвикаа, меѓу другото, постојано да го менуваме времето на станување и да спиеме малку повеќе а сепак, да се чувствуваме постојано уморни.

Многу луѓе изминатиов период се жалат дека се чувствуваат уморно, немаат енергија и постојано имаат впечаток како да не спиеле доволно.

Ова нарушување се однесува на фаза помеѓу сонот и будноста кога поединецот не се чувствува целосно буден. Луѓето кои се расеани, се чувствуваат поспано, имаат потешкотии со јасно размислување и можат да бидат дезориентирани и несмасни некое време откако ќе се разбудат“, вели д-р Наташа Бијални, психијатар во болницата „Priory Roehamptan“ за „Индепендент“.

unsplash

Причините зошто некое лице може да се чувствува така може да бидат различни, вели Мејту Вокер, професор по невронаука и психологија на Универзитетот во Калифорнија.

Причините го вклучуваат спиењето во време што не одговара на вашиот хронотип, недоволно спиење, како и разни други проблеми со спиењето. Овие проблеми можат да варираат од слаб квалитет на сон до медицински потешкотии како што се апнеја.

Овие причини го оправдуваат постојаното чувство на умор, но не објаснуваат или не даваат добро оправдување зошто во последно време се повеќе луѓе велат дека се чувствуваат така. Па од таму прашањето, кои фактори влијаат на зголемениот број нарушувања за време на пандемијата?

unsplash

Една од главните причини зошто луѓето се чувствуваат прилично збунети во последно време е намалената изложеност на природна дневна светлина, истакнува професорот Колин Еспи, професор по медицина за спиење на Универзитетот во Оксфорд.

Бидејќи сите поминуваме многу повеќе време дома, понекогаш две недели без излегување, ограничено излегување со пријатели или одењето во основен шопинг и евентуална прошетка со нашето куче, времето поминато надвор беше драстично намалено.

Професорот Еспи, објаснува дека дневната светлина е „главниот биолошки сигнал за будност“, поради што луѓето се чувствуваат помалку будни во текот на денот – недостаток на изложеност на природна дневна светлина.unsplash

Како што се приближуваме до перидоот на спиење, добиваме поголема количина на хормонот мелатонин, кој се активира за време на спиењето, непосредно пред спиење и за време на спиење. Количината на мелатонин се намалува како што се приближува утрото, а потоа се „исклучува“ со светлината. Ако луѓето всушност не се изложени на светлина наутро, како што тоа обично го прават кога одат на училиште или на работа, тогаш е поголема веројатноста да бидат поспани, особено во средината на утрото“, вели тој.

Професорот Еспи понатаму го нагласува ова тврдење споредувајќи го интензитетот на надворешната светлина со внатрешната светлина.

Надворешната или природна светлина се мери во стотици илјади лукси. Од друга страна, дури и силното светло во затворен простор е веројатно само неколку стотици. Нашите очи се прилагодуваат добро, така што не мораме да сфатиме колку е темно во затворената просторија во споредба со надвор. Мислам дека тоа е главната причина“, заклучува тој.

unsplash

Друга потенцијална причина е анксиозноста која влијае на квалитетот на сонот.

Непотребно е да се каже дека бројот на луѓе кои искусуваат проблеми со анксиозност и депресија драстично се зголеми оваа година, поради што многумина почнаа да се борат со инсомнија, или кога ќе заспијат пречесто се будат и имаат кошмари.

Најдобар совет за сите луѓе кои се чувствуваат слично е дневната прошетка. Ова ќе ви помогне да се разбудите, а докажано е дека прошетките на отворено и лесната физичка активност како пешачење или возење велосипед имаат позитивно влијание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот