Чешка и Србија за петтото место на Мундобаскет (ВИДЕО)

fiba.basketball

Чесите со триумфот закажаа натпревар за петтата позиција на Мундобаскет 2019 против селекцијата на Србија која претходно славеше против Американците.

Во победничкиот состав се истакна Хрубан со 24 поени (4/7 за три) и 12 скокови, Саторански со 22 поени и 12 асистенции, како и Јаромир Бохачик кој уфрли 21 поен (5/8 за три).

Кај Полјаците 22 поени имаше Вачински, потоа Еј Џеј Слотер додаде 12 поени и 10 асистенции, 12 поени и седум скокови беа дело на Кулиг, а „двоцифрен“ со 11 поени беше и Понитка.

За в петок (13 септември) се закажани полуфиналните мечеви на СП, од 10.00 часот Шпанија-Австралија, а од 14.00 часот Аргентина-Франција.

В сабота (14 септември) од 10.00 часот за седмото место ќе играат САД и Полска, а од 14.00 часот за петтата позиција Србија и Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот