Чеферин: Ќе ја загубиме сезоната доколку нема фудбал до крајот на јуни!

фото: ffm.mk

Европската куќа на фудбалот има план за секакво можно сценарио, но ќе зависи од тоа каква ќе биде ситуацијата во светот со пандемијата на коронавирусот.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин во разговор за „Ла Република“ истакна дека веројатно сезоната ќе биде загубена доколку фудбалските натпреварувања не можат да продолжат до крајот на јуни.

Извор на УЕФА вели дека доколку европските држави не ги завршат првенствата, ќе следуваат драстични казни.

Европската куќа на фудбалот има план за секакво можно сценарио, но ќе зависи од тоа каква ќе биде ситуацијата во светот со пандемијата на коронавирусот.

– Ова е драматичен момент и најважно е здравјето на луѓето и излез од кризата. Секако, прекинот на фудбалските натпреварувања е доказ дека застана целиот свет и Европа. Не знаеме кога ќе дојде крај на ова, но имаме план „А“, „Б“, па дури и план „Ц“. Во контакт сме со претставниците на лигите, клубовите, и секако постои работна група. Едноставно мора да се почека, како и луѓето во другите сектори – рече Чеферин.

Првиот човек на европскиот фудбал смета дека можно е да се продолжи кон средината на мај, средината на јуни или крајот на јуни.

– Доколку не успееме до тогаш, сезоната веројатно ќе биде загубена. Постои и предлог оваа сезона да заврши кога е планирано да стартува наредната (2020/21), која потоа би била одложена и ќе започне малку подоцна. Ќе видиме кои ќе бидат најдобрите решенија за првенствата и клубовите – додаде Чеферин.

Според претседателот на УЕФА, сега тешко е да се замисли сите натпревари да бидат одиграни пред празни трибини, но и дека моментно не се знае кога, како и дали воопшто ќе се продолжи.

Воедно додаде дека никој не знаеше дека на 19 февруари, кога беше одигран мечот Аталанта-Валенсија, Ломбардија ќе биде епицентарот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот