УЕФА: Кој нема да го заврши првенството, ќе биде драстично казнет!

Според екс италијанскиот репрезентативец Ди Ливио треба да се поништи сезоната, а легендата на Јунајтед Невил не верува дека ќе се игра фудбал и во наредните 3-4 месеци.

Поради пандемијата на коронавирусот, многу спортски, фудбалски натпреварувања се одложени, прекинати.

Многу спортисти, луѓето ширум светот се наоѓаат во карантин, домашна изолација со цел да се спречи ширењето на вирусот. Никој со сигурност не може да каже кога ќе биде продолжена сезоната во фудбалските шампионати.

Од една страна челниците на европските лиги инсистираат по секоја цел првенствата да бидат одиграни до крај со цел да загубат што помалку пари, но од друга страна има сè повеќе луѓе кои сметаат дека првенствата треба да се поништат, односно нема смисла во ваква криза да се игра фудбал.

Така, на пример поранешниот италијански репрезентативец Анџело ди Ливио повика на откажување на фудбалската сезона поради коронавирусот поради кој досега починаа над 9.000 лица на Апенините.

Прочитајте и...  Уште еден чекор поблиску до враќање на Премиер лигата, дозволени тренинзи без ограничувања

– Дојде време сè да се затвори и се откаже сезоната. Единствено исправно е да се откаже сезоната и да се започне повторно во јули или август. Тоа е единствениот начин за спас на италијанскиот фудбал – рече 53-годишниот Ди Ливио во разговор за „Тутоспорт“.

Слично размислува и поранешниот англиски репрезентативец, Гери Невил:

– Гледајќи од оваа перспектива, не можам да замислам дека фудбал ќе се игра за три-четири месеци. Луѓе, па ние како да се наоѓаме во затвор. Како може некои да мислат дека ќе се игра фудбал доколку знаеме дека полицијата и лекарските служби нема да бидат достапни наредните месеци? Тие луѓе треба да им помагаат на заразените и болните луѓе – вели Невил за „Мирор“.

Прочитајте и...  Трансфер сапуница: Барселона го одби Јувентус, а Интер ги одби каталонците
твитер

Но, лигите кои би се одлучиле на таков чекор би можеле да бидат казнети од врвот на европскиот фудбал, вели извор од УЕФА.

Англискиот „Сан“ пишува дека УЕФА инсистира на тоа сите фудбалски првенства оваа сезона (2019/20) да бидат завршени. Не е важно на кој начин, мора да има шампиони. УЕФА како рок го постави 30 јуни кога очекуваат да ги имаат сите шампиони, но голема е веројатноста дека тој датум ќе биде поместен дури за последниот ден од месец август.

– Голем број клубови од Премиер лигата сакаат тековната сезона да заврши веднаш и да продолжи веднаш штом ситуацијата се подобри, дури и доколку тоа значи дека Ливерпул ќе остане без шампионската титула и по 30 години – напиша угледниот „Атлетик“.

Прочитајте и...  ТРАГЕДИЈА: Млад 23-годишен фудбалер пронајден мртов во својот дом
фото: твитер

Англиските медиуми информираат дека УЕФА испратила строго предупредување до клубовите: оние кои ќе изберат да ги прекршат упатствата од Нион и го откажат целиот шампионат, ќе останат без место во Европа следната сезона. Доколку се случи ова сценарио, на пример доколку Англичаните ја прекинат сезоната (доволно е 14 од 20-те клубови од Премиер лигата така да одлучат), а Ливерпул остане без титула и по 30 години, никој од Премиер лигата нема да може да игра во европските натпреварувања следната сезона. Се претпоставува дека поради тоа сепак ќе се добие шампион, барем врз основа на моменталната состојба на табелата пред паузата.

Во моментов се знае многу малку. Само е познато дека во Англија нема да има фудбал барем до 30 април и дека е закажана нова видео конференција на челниците на клубовите следната недела за да се одлучи за следните потези.

Прочитај повеќе

„Супер Марио“ е пред уште една неуспешна приказна

Слободен печат

Шалке непријатно изненаден во Бундеслигата (ВИДЕО)

Слободен печат

Кулушевски: Сон е да се игра за Јувентус, заедно со Роналдо!

Слободен печат

АБА лигата без шампион, МЗТ повторно со „празни раце“

Слободен печат

НБА лигата нема да продолжи во јули!?

Слободен печат

Го одби Лацио, еве каде ќе игра синот на легендарниот Хаџи (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

За плукање фудбалерите ги очекува суспензија од 12 натпревари!

Слободен печат

„Пантерска“ одбрана на Димитриевски, невидена радост на Алиоски! (ВИДЕО)

Слободен печат

Домашниот дрес на Манчестер јунајтед за следната сезона 2020/21 (ФОТО)

Слободен печат

Сикошек Пелко не е повеќе играч на Вардар

Слободен печат

Уште еден чекор поблиску до враќање на Премиер лигата, дозволени тренинзи без ограничувања

Слободен печат

Сер Алекс си направи „Олд трафорд“ додека беше во карантин

Слободен печат